Со операта „Магбет“ ќе се отворат Мајските оперски вечери

07.05.2015 15:38

Годинава доминираат гости од Италија, лулката на операта. Ќе учествуваат и првенците на македонската опера Борис Трајанов и Весна Гиновска Илкова...

Операта „Магбет“ од Џузепе Верди, во режија на Марко Спада, под диригентската палка на Џанлука  Мартиненги, ќе ги отвори 43-тите Мајски оперски вечери. Операта зборува за настани кои секогаш се присутни во човековата историја, како што се борбата за моќ и крвопролевањето, рече Спада.

Годинава доминираат гости од Италија, лулката на операта. Ќе учествуваат и првенците на македонската опера Борис Трајанов и Весна Гиновска Илкова.

Програмата ќе ја збогатат и гости од соседна Србија, Бугарија, Украина, Индонезија, а меѓу солистите е и светски познатата дива Даниела Деси.

Годинава се враќа традицијата да биде запален фестивалскиот оган, а тоа ќе го стори примадоната на македонската опера и балет Милка Ефтимова.

 

Александра Перевска