Финална серија во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија

Јанта-Работнички, прв дел!

07.05.2015 15:39

Јанта ќе игра во својата сала против Работнички, во првиот од најмалку трите, а најмногу петте натпревари коишто ќе решааваат за шампионскиот престол...

Двете најдобри македонски женски одбојкарски екипи денеска ќе ја почнат финалната серија од разигрувањето за титулата. Јанта ќе игра во својата сала против Работнички, во првиот од најмалку трите, а најмногу петте натпревари коишто ќе решааваат за шампионскиот престол.

Куп трофејот им припадна на одбојкарките на Работнички, кои славеа во пет сета во финалниот дуел. И покрај тоа што го носи славното име, за сегашниот правен субјект Работнички тоа беше прва титула во клупките витрини. Иако и лани играше во финалето и во купот и во првенството, Јанта досега нема пехар, па се надева дека со успешно отворање на серијата денеска, може да му парира на противникот којшто, сепак, ја носи фаворитската улога.

Преносот од мечот Јанта – Работнилчки е на Собранскиоот сервис на МРТ од 19 часот. За сабота и за вторник се закажани втората и третата средба, двете во малата сала на арената „Борис Трајковски“ во Скопје.