Севилја чекори кон одбрана на титулата
Андалузиската фудбалска гордост чекори кон историско остварување да стане единствена екипа која четири пати го подигала пехарот од второто по квалитет европско клупско натпреварување...

Бранителот на тронот во Уефа ЛЕ, Севилја против Фиорентина на отворањето на полуфиналето на „Санчез Пизхуан“. Андалузиската фудбалска гордост чекори кон историско остварување да стане единствена екипа која четири пати го подигала пехарот од второто по квалитет европско клупско натпреварување.
„Виолетовите“ од Фиренца исто така имаат шанса по половина столетие да испишат ново поглевје во својата фудбалска историја.
Фактите со кои и двете екипи влегуваат во овој двомеч најавуваат возбуда, и неизвесност до крај. Севилја игра триумфално на осум европски домашни двобои вклучувајки ги сите шест оваа сезона, Фиорентина пак е непоразена на последните 12 гостувања во Европа, со осум победи.
Интересно, и Шпанците и Италијанците местото меѓу четирите најдобри во ова натпреварување го обезбедија со по 21 гол во мрежите на ривалите а елиминираа силни екипи. Андалузискиот адут во нокаут рундата ги отпиша Борусија Менхенгладбах, Виљареал и Зенит, додека екипата од „Артемио Франки“ ги прескокна Тотенхем, Рома и Динамо Киев.
Белег на вториот шпанско-италијанскиот двобој во европската завршница оваа сезона ќе биде и тренерскиот судир на двајцата перспективни стратези, 43 годишниот Унаи Емери и три годи помладиот Винченцо Монтела. Искуството и историјата го сугерираат тимот на Емери како фаворит, но тој е свесен дека она што било во минатото нема никакво влијание врз сегашноста.
Немаат поголеми проблеми околу составите со кои ќе влезат во полуфиналето а двајцата имаа контрастен ефект во последните првенствени настапи. Севилја во трката за ЛШ со Валенсија, е поразена дома прв пат сезонава и тоа од Реал Мадрид, и покрај добрата игра, додека Фиорентина против отпишаната Чезена ја прекина црната низа од четири последовни порази.
Не пропуштајте го овој двобој и директниот пренос на нашата прва програма од 21.часот.
