Неколку торнада ја зафатија Оклахома
Поминале југозападно од Оклахома Сити. Нема информации за повредени, но снимките покажуваат дека некои објекти се срамнети со земјата...

Неколку торнада едно по друго ја зафатија Оклахома, во близина до најголемиот истоимен главен град на оваа американска држава. Поминале југозападно од Оклахома Сити. Нема информации за повредени, но снимките покажуваат дека некои објекти се срамнети со земјата.
Според специјализираната станица „Weather Channel“ најмалку 29 торнада се забележани во американските сојузни држави Канзас, Небраска, Тексас и Оклахома. Најтешко е погодена Оклахома каде што се уништени многу куќи. Опасноста се уште не е помината. Американскиот национален метеоролошки центар издал предупредување за подрачјето од среден Тексас, до централната територија на Небраска.
