Нов 5-годишен мандат за Камерон и Ториевците
Камерон и Ториевците победија на изборите во Обединетето Кралство. Изненадување е победата на Националната партија во Шкотска која освои 56 мандати. Ова предизвика неуспех на Работничката партија на Милибанд, кој ноќта ја нарече „разочарувачка“ за лабуристите. Сега Камерон се соочува со она што го вети предизборието-референдум за натамошниот статус на Кралството во ЕУ...

Досегашниот британски премиер Дејвид Камерон ќе биде на челото на новата влада во следните пет години, покажуваат резултатите по преброени 70 насто од гласовите по вчерашните парламентарни избори. Во духот на демократијата, лидерот на работничката партија, Милибанд, веднаш го призна поразот нарекувајќи ја ноќта разочарувачка за Лабуристите.
Според анализите, конзервативците освоиле 329 од 650 места, додека Лабуристите на најголемиот противкандидат Ед Милибанд, 239 места. Во моментот Камерон има можност да избере со кого ќе коалицира, дали со досегашните Либерални демократи или со Унионистите. Според некои аналитичари, досегашниот шеф може да се обиде да формира чисто Конзервативна влада.
„Ова беше важна изборна ноќ за нашата партија. Се надевам дека следните денови ќе формираме влада. Се надевам дека повторно ќе бидам премиер и ќе го одржам ветувањето за референдум за членство на државата во Европската Унија“, изјави Камерон.
Иако аналитичарите овие избори ги сметаа за најнеизвесни, лабуристите освоија помалку од очекуваното. Според статистиката ова се најслаби резултати на оваа партија. Поразот се должи пред се на нивниот пораз во Шкотска, кадешто националистите ги освоија сите 56 места.
Во наредниот период се очекува конзервативците да ги исполнат ветувањата од предизборната кампања, според која владините трошоци ќе бидат намалени за милијарда фунти за да се намали буџетскиот дефицит, социјалните давачки ќе бидат намалени за 12 милијарди фунти.
Сепак најважното ветување се исправува пред Камерон во 2016-та референдум дали државата ќе остане во ЕУ. Официјалните резултати на кои гласаа повеќе од 50 милиони жители се очекува да бидат објавени напладне.
Марија Петковска
