Варуфакис: За две недели ќе постигнеме договор со кредиторите
08.05.2015 11:32
Циклусот на несигурност мора да се затвори, иако нема да биде постигнат договор за финансиска помош на состанокот на еврогрупата во понеделник...

Грција ќе постигне договор со кредиторите во текот на наредните седум до 14 дена, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Циклусот на несигурност мора да се затвори, иако нема да биде постигнат договор за финансиска помош на состанокот на еврогрупата во понеделник, сигурно ќе има договор во текот на следните неколку недели, додаде Варуфакис.
Министерот за финансии воедно потврди дека останува „главен преговарач на грчката влада“.
