Без промени на мајската ранг листа на ФИФА
Но со оглед на тоа што минатиот месец немаше никакви репрезентативни натпревари, нема никакви промени во пласманот ниту на другите селекции во мај...
Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 105 позиција во најновото рангирање на ФИФА. Новиот селектор Љубинко Друловиќ кој го замени Бошко Ѓуровски ќе дебитира во јунскиот квалификациски период. Но со оглед на тоа што минатиот месец немаше никакви репрезентативни натпревари, нема никакви промени во пласманот ниту на другите селекции во мај па нашите фудбалери со 312 поени се зад Боцвана, а пред Антигва и Барбуда.
На врвот останува светскиот првак Германија со 1687 бода, пред вицешампионот Аргентина, а следуваат Белгија, Колумбија и Бразил. Од 6 до 10 место се Холандија, Португалија, Уругвај, Швајцарија и Шпанија.
