Македонски бисер годинава по 39 пат ќе одржи во Радовиш

07.05.2015 22:52

Турнирот кој почна да се одржува како Струшки бисер а потоа продолжи низ сите наши боречки центри, годинава е во Радовиш во знак на дваесетгодишниот јубилеј од освојувањето на европската клупска титула на БК “Бучим Јака“. Борачите од шампионскиот состав кој ја покори Европа ќе присуствуваат на турнирот.

Во сабота Радовиш ќе биде домаќин на престижниот меѓународен турнир Македонски бисер, кој традиционално се одржува по 39 пат. На пресот беа најавени квалитетни натпреварувачи од велесили како Русија, Турција, Бугарија и секако најдобрите македонски борачи.

Турнирот кој почна да се одржува како Струшки бисер а потоа продолжи низ сите наши боречки центри, годинава е во Радовиш во знак на дваесетгодишниот јубилеј од освојувањето на европската клупска титула на БК “Бучим Јака“. Борачите од шампионскиот состав кој ја покори Европа ќе присуствуваат на турнирот.

АМС го поддржува бисерот со парична помош од 500 000 денари, а најавени се квалитетни борачи од десетина земји кои ќе бидат одлична можност за нашите најдобри борачи да ги проверат своите квалитети. Во петок е пристигнувањето и мерењето на учесниците, а натпреварите ќе се одржат задутре во салата 25 мај во Радовиш . Прелиминарните борби се од 10.30 часот а финалните од 17.30 веднаш по свеченото отворање. МТВ подготвува репртажа од настанот во недела од 19 часот на собранискиот сервис.