Прилеп мотивиран против Зомимак

08.05.2015 11:54

Зомимак нема право на кикс на денешното гостување во Прилеп против истоимената екипа која ги загуби сите 4 средби досега, но со многу мотиви и подршка од публиката ги пречекува фаворитите...

Ако е јасно дека врвот е резервиран за Вардар,тогаш  второто место и настап во еврокуповите и СЕХА лигата е предизвик за другите 5 екипи во разигрувањето за титулата во машката ракометна супер лига.Се поизвесно е дека и тука ќе нема поголема неизвесност откако Зомимак и Металург се издвоија според квалитетот, но без да му ја одземат шансата на Пролет кој со две победи се израмни со Зомимак,а се зад Металург со 9 и неприкосновениот Вардар со максимални 12 бода по 4 кола.

Оттука Зомимак нема право на кикс на денешното гостување во Прилеп против истоимената екипа која ги загуби сите 4 средби досега, но со многу мотиви и подршка од публиката ги пречекува фаворитите.

Натпреварот Прилеп-Зомимак од 5-тото плеј-оф коло ќе го следиме вечерва од 19 часот на собранискиот сервис на МРТ,утре во интересен натпревар Металург во Автокоманда ќе го пречека Пролет,а колото в недела ќе го заокружат Радовиш и Вардар.