Од 68 поканети на парадата во Москва, ќе дојдат само 22 светски лидери
На помпезно најавената воена парада покрај рускиот претседател Владимир Путин на почесната трибина до Кремљ ќе бидат кипарскиот, кинескиот, српскиот, индискиот и кубанскиот претседател, но ниеден западноевропски...

На големата прослава на 9 Мај, по повод 70-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, според последните податоци, од 68 поканети ќе присуствуваат само 22 светски лидери.
На помпезно најавената воена парада покрај рускиот претседател Владимир Путин на почесната трибина до Кремљ ќе бидат кипарскиот, кинескиот, српскиот, индискиот и кубанскиот претседател, но ниеден западноевропски.
На парадата ќе присуствува и нашиот претседател Ѓорѓе Иванов. Кризата во Украина ги залади односите со Русија и повеќето претседатели, меѓу кои и на Хрватска, сметаат дека на овој начин се испраќа политичка порака до Русија.
