Белград: Палатата на правдата евакуирана поради дојава на бомба

08.05.2015 13:30

По деталниот преглед, полицијата утврдила дека дојавата е лажна, а вработените се вратиле на работните места...

Евакуација во Палатата на правдата во Белград поради дојава за поставена бомба. По деталниот преглед, полицијата утврдила дека дојавата е лажна, а вработените се вратиле на работните места.

Зградата во последните 10 години беше повеќепати евакуирана поради анонимни лажни дојави за бомби.