Хеликоптерска несреќа во Пакистан, загинати двајца амабасадори
08.05.2015 13:33
Најмалку 6 лица, меѓу кои амабасадорите на Норвешка и на Филипини загинале во хеликоптерската несреќа во Пакистан, соопштува пакистанската војска...

Воениот хеликоптер се урнал на североистокот на земјата, во близина до едно село во хималајската област Гилгит- Балтистан, пренесува Бета.
Во несреќата загинале и сопругите на малезискиот и на индонежанскиот амбасадор, како и двајцата пилоти на хеликоптерот „Ми-17“.
Дипломатите требало да посетат проект финансиран од меѓународната заедница и да се сретнат со пакистанскиот премиер Наваз Шариф, кој бил во друг авион и летал кон истото место. По несреќата премиерот се вратил во Исламабад, соопштиле од неговиот кабинет.
