Лидерот на Лабуристите, Ед Милибанд си поднесе оставка

08.05.2015 14:28

Милибанд рече дека ја презема врз себе одговорноста за изборните резултатите што се поразувачки за неговата партија, па затоа смета дека тој треба да си замине...

Лидерот на Лабуристичката партија Ед Милибанд денеска поднесе  оставка на функцијата, не чекајќи на конечните изборни резултати, но откако стана јасно дека лабуристите претрпеа тежок пораз.
 
Милибанд рече дека ја презема врз себе одговорноста за изборните резултатите што се поразувачки за неговата партија, па затоа смета дека тој треба да си замине.
 
„Сега е време некој друг да ја води партијата„- рече Милибанд, зборувајќи во седиштето на лабуристите во Лондон.
 
Тој соопшти дека заменик лидерот Хариет Харман ќе управува со опозициската партија, до изборот на нов лидер. Последен пат во својата досегашна функција, Милибанд ќе се појави попладнево, во центарот на Лондон, кај споменикот Сенотап, за време на  полагањето венци  по повод  Денот на победата и завршувањето на Втората светска војна.