Скок на лондонската берза и раст на фунтата по победата на Камерон

08.05.2015 15:19

По победата на Конзервативната партија на премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, скокна вредноста на акциите на лондонската берза, а порасна и вредноста на фунтата...

Во 13 часот по средноевропско време, кога веќе беше извесно дека конзервативците кои што се приврзаници на светот на бизнисот и финансиите, ќе добијат мнозинство за формирање влада, индексот на лондонската берза порасна за 1,9% на 7,017 поени, пренесува Бета.

Британскиот „футси“ со тоа ја надокнади загубата од претходните неколку дена кога се веруваше дека изборите се неизвесни, без јасни изгледи за формирање влада. И останатите важни  европски индекси забележаа раст. Францускиот ЦАЦ 40 порасна за 0,76 %, а германскиот Дакс за 0,57%. Фунтата во однос на доларот порасна за 0,19, во однос на еврото 0,43, а на јенот за 0,51 насто.