Кина наскоро со дозвола на брачните двојки за две деца

08.05.2015 16:23

„Чајна дејли“ го пренесува мислењето на стручњаците дека во Кина наскоро сите брачни двојки имаат изгледи да добијат дозвола за две деца.

Кина во минатата година ја либерализираше својата политика- едно дете по брачна двојка и дозволи две деца таму каде што еден од родителите нема брат или сестра, пренесува Бета.

И покрај новата политиката во многу кинески провинции немало „бејби бум“, но состојбата ќе се промени кога во сите средини ќе се спроведат новите правила, се наведува во извештајот.

Властите тврдат дека бројот на новороденчињата е помал од очекуваниот затоа што некои делови од земјата не ја спроведувале новата политика до средината на 2014 година.

Критичарите на политиката за едно дете укажуваат дека нацијата брзо ќе остаре и ќе и штети на економската виталност.