Осумгодишно дете шверцувано во куфер
08.05.2015 16:26
Цариниците го откриле кога ја ставиле торбата во аеродромскиот скенер...

Осумгодишно дете е најдено скриено во куфер, во лоша состојба, при проверка на багаж на границата меѓу Шпанија и Мароко. Цариниците го откриле кога ја ставиле торбата во аеродромскиот скенер.
„Можело да заврши трагично“, велат од авионската служба. За криумчарењето е уапсена 19-годишна девојка која требало да го однесе детето на Канарските Острови и да му го предаде на неговиот татко.
