БЕЛГРАД

Српска полиција се упати на границата со Македонија

09.05.2015 16:39

Српскиот премиер Вучиќ за утре во 13 часот закажа вонредна седница на Бирото за координација на службите за безбедност по повод ситуацијата во Македонија...

Единицата за специјална намена на српското Министерство за внатрешни работи тргнала кон границата со Македонија поради инцидентите во земјата. На границата веќе се наоѓаат засилени сили на српската војска и полицијата.

За ова министерот за надворешни работи Небојша Стефановиќ го известил претседателот на владата Александар Вучиќ и истакнал дека во Копнената зона за безбедност кон Косово е засилено присуството на припадниците на жандармеријата.

Стефановиќ којшто се упатил кон базата Ристовац, телефонски разговарал и со министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкулоска за моменталната состојба во земјата, а најавено е дека во текот на целиот ден ќе разговараат за натамошниот развој на настаните.

Српскиот премиер Вучиќ за утре во 13 часот закажа вонредна седница на Бирото за координација на службите за безбедност по повод ситуацијата во Македонија.

Медиумите од сосетството ја следат ситуацијата и јавуваат дека во тек се судири меѓу македонската полиција и вооружена група од околу 70 членови.

Српски Блиц пишува дека престрелките се уште траат и дека неофицијално има информации за повредени и загинати цивили и полицајци. Исто така пишуваат дека во Куманово е воведен полициски час и дека на граѓаните им е забрането движење.

Б92 пишува дека полициската акција во Куманово била преземена за да се разбие поголема терористичка група којашто планирала напади врз државни институции.