Евакуација на населението од кумановската населба

09.05.2015 17:46

Од правецот на населбата „Тоде Мендол“ повремено се слушаат рафални стребли. Над дел од населбата се гледа црн чад, а таму се упати и противпожарна екипа...

Продолжува евакуацијата на граѓаните од населбата „Тоде Мендол“ каде од рано изутрината е во тек акција на полицијата за разбивање вооружена терористичка група. Граѓаните се движат пеш или пак ги превезуваат специјални полициски возила. Станува збор претежно за семејства со деца и постари луѓе. 
 
Од правецот на населбата „Тоде Мендол“ повремено се слушаат рафални стребли. Над дел од населбата се гледа црн чад, а таму се упати и противпожарна екипа.
 
Пристапот до населбата „Тоде Мендол“ е блокиран освен за возила на полицијата и на Прва помош. Затворена за сообраќај е едната сообраќајна лента од булеварот „Трета МУБ“, а полицијата ги пренасочува возилата кон другите делови на градот.
 
Во останатите кумановски населби сообраќајот се одвива нормално, но е забележливо засилено полициско присуство. 
 
Сообраќајот по автопатот од Табановце-Куманово-Скопје се одвива нормално и нема никаков застој.