Москва изрази загриженост за инцидентот во Куманово

09.05.2015 17:00

Москва изразува уверување дека дијалогот би се водел исклучиво во институционалните и законските рамки, што би било во најдобар интерес на Македонија и во насока на задржување на регионалната стабилност...

Русија изразува загриженост и надеж дека ситуацијата наскоро ќе се нормализира и сите околности ќе бидта темелно истражени. Во соопштението од руското МНР повик до сите политички сили во Македонија да пристапат кон конструктивен дијалог, а меѓународната заедница и особено мисијата на ОБСЕ да придонесат кон таков дијалог.

Москва изразува уверување дека дијалогот би се водел исклучиво во институционалните и законските рамки, што би било во најдобар интерес на Македонија и во насока на задржување на регионалната стабилност.

Во соопштението на руското МНР објавено на МИА изразуваат загриженост за протестите во изминатите неколку денови. Оценуваат дека постапките на безбедносните сили обезбедиле притоа да се избегне ескалација на насилство.

Според Москва, протестите се дел од обиди на невладини организации поттикнати од западните земји да предизвикаат "обоена револуција" во Македонија, што може да предизвика етнички тензии во мултиетничка Македонија и во соседните земји на Балканот.