ИВЗ повика на мир и соживот
После седницата со ријасетот Реџепи изрази жалење за состојбите во Куманово и укажа дека за ИВЗ се неприфатливи обидите за дестабилизација на земјата...

Исламската верска заедница секогаш била за мир и соживот во земјава, порача од кондово поглаварот реис ул улема Сулејман Ефенди Реџепи. После седницата со ријасетот Реџепи изрази жалење за состојбите во Куманово и укажа дека за ИВЗ се неприфатливи обидите за дестабилизација на земјата.
Ги предупреди верниците да бидат крајно внимателни да не бидат изманипулирани.
Ријасетот ја поздрави одлуката на скопскиот граѓански суд со која се задолжуваат разрешените скопски муфтија, Шабани и генералниот секретар, Тахири како и нивните поддржувачи да го напуштат седиштето на ИВЗ за 24 часа. Укажа дека оваа група веќе неколку месеци работела на овој проект со цел дестабилизација не само на ИВЗ туку можеби и пошироко.
Од скопското муфтиство одговорија дека до нив не стигнала никаквба пресуда од судот и дека тие остануваат на своите позиции.
Фиљана Кока
