Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва
Рускиот претседател Владимир Путин приреди свечен пречек на 30- тина шефови на држави. Мегу нив и шефот на државата Иванов...

Европа ја слави 70- годишнината од победата над фашизмот. На Црвениот плоштад во Москва се одржува голема воена парада на која присуствуваат 16 илјади војници. Рускиот претседател Владимир Путин приреди свечен пречек на 30- тина шефови на држави. Мегу нив и шефот на државата Иванов. На церемонијата присуствуваат и кинескиот претседател Кси Џинпинг. Кубанскиот лидер Раул Кастро и јужноафриканскиот претседател Роберт Мугабе, рускиот претседател Путин се обрати пред нацијата.
„Црвената армија жестоко удри на Берлин. Земјата поднесе голем товар но сепак го одреди и исходот од втората светска војна“, изјави Путин.
Прославата за победата над фашизмот се подготвуваше со месеци. На Црвениот плоштад продефилираа 140 борбени авиони и хеликоптери. За прв пат беа претставени и борбените авиони су-30 и су-35, тенкот армата т-14 ка. Повеќе од 165.000 цивили и војници уживаа во дефилето на воената опрема и моќ.
Според проценките официјална Москва потрошила 6.7 милиони евра за да ги растера облаците и да овозможи сончево време. Западните лидери и покрај поканата го бојкотираа настанот во знак на протест поради руските воени акции во Украина. Германската канцеларка Меркел утре ќе се сретне со претседателот Путин.
Според статистиките во втората светска војна загинаа 27 милиони војници и цивили од поранешниот Советски сојуз.
Марија Петковска
