Серијата продолжува, домаќин Работнички
Избраничките на Горан Славков водеа со 2-0 во сетови на првиот дуел на противнички терен, но ја крокоцкаа предноста и сега имаат победнички императив пред двете соочувања на свој терен – во малата сала на арената „Борис Трајковски“...

Откако направи целосен пресврт и поведе со 1-0 во победи во финалната серија во женското одбојкарско првенство на Македонија, екипата на Јанта има психолошка предност против Работнички. Избраничките на Горан Славков водеа со 2-0 во сетови на првиот дуел на противнички терен, но ја крокоцкаа предноста и сега имаат победнички императив пред двете соочувања на свој терен – во малата сала на арената „Борис Трајковски“.
Серијата во финалето од разигрувањето ќе се игра додека некој од тимовите не оствари три триумфи, што значи дека ќе има уште најмалку два меча, доколку на нив слави тренерот Горан Јаневиќ, а најмногу четири. Првиот е денеска од 15 часот со пренос на Собранискиот сервис на МРТ.
