Одложени плеј - оф дуелите од 30-то коло
Според правилата во завршните три кола сите натпревари мора да се оидграат во ист термин, па затоа за вторник се одложени сите мечеви коишто влијаат на горниот дел на табелата...

Поради ситуацијата во Куманово, дуелите за домашната фудбалска титула и за излез во Европа утре нема да се одиграат. Стадионот во Тетово се реновира, па Шкендија требаше да му биде домаќин на Вардар во Куманово, но услови да се одржи дербито на 30-то прволигашко коло не постојат.
Според правилата во завршните три кола сите натпревари мора да се оидграат во ист термин, па затоа за вторник се одложени сите мечеви коишто влијаат на горниот дел на табелата, меѓу нив и Работнички – Металург и Ренова – Силекс.
Тоа не важи за дуелите од плеј - аут зоната, Пелистер - Брегалница и Турново - Тетекс коишто утре ќе се одиграат со почеток во 16 часот и 30 минути.
