Странски автори ги презентираа своите дела на Саемот на книга

09.05.2015 16:02

Минатата година Саемот на книга го посетиле околу 40.000 посетители, а оваа година се очекува уште поголем број, велат организаторите...

Пјер Лави е автор и публицист од Израел. Саемот на книгата е повод да ја посети Македонија. Вели дека е воодушевен од големата посетеност, а особено е импресиониран од тоа што младата популација во земјава сака да чита книги. И дел од неговите дела се изложени на штандовите. Пасија му се готвењето и фотографирањето.

„Во Македонија дојдов за да презентирам дел од моите книги и веќе потпишав договор со една издавачка куќа токму за овие две книги, да се продаваат во Македонија. Се надевам дека ке воспоставиме добри односи и ќе ви се допаднат книгите. И мојата издавачка куќа од израел им нуди на вашите писатели соработка“, вели Лави.

Македонците ја сакаат културата и литературата, тоа ме прави среќен – вели Лави. Минатата година Саемот на книга го посетиле околу 40.000 посетители, а оваа година се очекува уште поголем број, велат организаторите.

Дваесет и седмото издание нуди богата изложбена програма на  белетристика, научна и стручна литература, училишни книги, прирачници и енциклопедии. Организирани се и средби на читателите со авторите. Саемот ќе трае до 11-ти мај.

 

Александра Перевска