Борење

Зубариев победник на „Македонскиот бисер“

09.05.2015 20:13

Бронзениот од Европското првенство за борачи до 23 години, Зубаиров во категоријата до 86 килограми беше подобар од Словакот Мартин Шријанка...

Македонскиот репрезентаивец Хамил Зубариев го освои признанието најдобар борач на традиционалниот 39-ти меѓународен турнир, Македонски бисер што се одржа во Радовиш.

Бронзениот од Европското првенство за борачи до 23 години, Зубаиров во категоријата до 86 килограми беше подобар од Словакот Мартин Шријанка.

Македонските борачи остварија пет победи во осумте борби како подготовка за првите Европски олимписки игри што летово ќе се одржат во Баку, Азербејџан.