Меркел задоволна од разговорите со Путин
10.05.2015 18:19
Таа истакна дека е добро што се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји за поддршката на територијалниот интегритет на Украина...
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази задоволство од денешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин за односите на Руската Федерација со ЕУ и ситуацијата во Украина.
Таа истакна дека е добро што се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји за поддршката на територијалниот интегритет на Украина.
Меѓудругото таа изрази и благодарност за можноста да им одаде почит на загинатите во Втората светска војна за време на денешната посета на Москва.
