Брегалница го турна Пелистер кон втората лига
Во очајничките обиди да се спаси од директно испаѓање, Пелистер остана со кратки ракави против Брегалница...

Ден на жалост е, откажан беше скопскиот маратон, а одложени и уште некои спортски настани во првенствените конкуренции, но попладнево се одиграа два натпревара од плеј-аутот во домашниот фудбалски шампионат.
Во очајничките обиди да се спаси од директно испаѓање, Пелистер остана со кратки ракави против Брегалница. Штипјани славеа со 1-0 со голот на Ступиќ пред полувремето и го оставија битолскиот тим на деветтата позиција којашто води во понизок ранг, на четири бода зад Турново. Турновци, пак, и со играч помалку, без исклученио Пандев, го совладаа веќе испаднатиот Тетекс со 2-0 со головите на георгиев во завршните десет минути, со што се зацврстија на местото коешто носи бараж за опстанок.
Потсетуваме, трите натпревари од плеј-офот од оваа викенд-рунда: Шкендија-Вардар, Работнички-Металург и Ренова-Силекс се презакажани за во вторник.
