Грција бара признание од еврозоната за постигнатите реформи

11.05.2015 14:20

Атина најави дека ќе ја почитува ратата од долгот од 750 милиони евра што треба да му ја исплати на ММФ утре...

Грција се надева дека Еврозоната ќе го признае фискалниот напредок на земјата. На денешната средба на министрите за финансии од Еврозоната продолжуваат преговорите дали ќе добие дел од милијардите од пакетот за помош.

Атина најави дека ќе ја почитува ратата од долгот од 750 милиони евра што треба да му ја исплати на ММФ утре.

Сепак, не се очекува голем напредок, особено откако владата на Ципрас соопшти дека нема да ги прекрши предизборните ветувања.

Грција има рок до јуни да постигне нов договор за реформите со кредиторите.