Супертајфунот Ноул ги погоди Филипините со брзина на ветрот од 220 км/ч

11.05.2015 14:21

Невремето со брзина на ветрот од 220 километри на час се движи кон Тајван и кон Јапонија...

Супертајфунот Ноул го погоди североистокот на Филипините. Две лица загинаа од струен удар при поправка на покрив. Во прекин е снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од регионот, поради опасност од поплави и лизгања на земјиштето илјадници луѓе се евакуираа на повисок терен.

Невремето со брзина на ветрот од 220 километри на час се движи кон Тајван и кон Јапонија. Филипините често се на удар на екстремни временски услови.

Во 2013 година, тајфунот Хајан однесе 7 илјади животи.