Втор круг претседателски избори во Полска

11.05.2015 14:24

Анджеј Дуда од опозициската „Право и правда“ освои 34,8 проценти од гласовите, повеќе од актуелниот претседател Бронислав Коморовски за кој гласот го дале 32,2 насто од гласачите...

Полјаците одат на втор круг претседателски избори по изненадувачкиот исход од првиот во кој според првичните резултати Анджеј Дуда од опозициската „Право и правда“ освои 34,8 проценти од гласовите, повеќе од актуелниот претседател Бронислав Коморовски за кој гласот го дале 32,2 насто од гласачите.

„Резултатите покажуваат дека ќе има големи промени. По парламентарното гласање на власт ќе дојде Право и правда, можеби со коалициски партнер. Индикациите се дека на есен земјата ќе ја води десницата“, изјави Мјечислав Голба, опозиционер.

Двајцата кандидати со најголем број гласови најавуваат победа во вториот круг закажан за 24 месецов.