Кери во Сочи на средба со Путин и Лавров
Посетата на Кери на Русија доаѓа во момент на влошени односи меѓу Вашингтон и Москва поради руското влијание во конфликтот во Украина...

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата се очекува да стане збор за голем број прашања, меѓу кои и Украина, Сирија и Иран.
Посетата на Кери на Русија доаѓа во момент на влошени односи меѓу Вашингтон и Москва поради руското влијание во конфликтот во Украина.
Американскиот Стејт Департмент истакнува дека двете страни одржуваат полни дипломатски односи и дека мисијата на Кери е дел од напорите за поддржување на „отворена линија за комуникација“ со Русија.
Кери во Сочи ќе се сретне и со рускиот министер за надворешни работи Лавров.
