Нов силен земјотрес го потресе Непал
12.05.2015 12:24
Епицентарот бил на длабочина од 19 километри, на 68 километри западно од градот Намче Базар, во близина на највисокиот врв на планетата-Монт Еверест...

Најмалку 4 лица загинале во новиот силен земјотрес од 7,4 степени по Рихтер што денеска го потресе Непал и жителите на престолнината Катманду. Епицентарот бил на длабочина од 19 километри, на 68 километри западно од градот Намче Базар, во близина на највисокиот врв на планетата-Монт Еверест.
„Предмалку почувствувавме силен земјотрес и истрчавме од зградата за да се спасиме. Се обидуваме да стапиме во контакт со семејствата, да видиме дали се во ред или не“, изјави сопственик на хотел.
Тресење се чувствувало до индиската престолнина Њу Делхи. Ова е најсилниот потрес по катастрофалниот земјотрес од 25 април, во кој загинаа над 8.000 лица и беа разурнати стотици илјади домови.
