„Араб Инвестор“ ги разгледува бизнис и туристичките потенцијали на Македонија
Гостите од списанието ќе го посетат Скопје, Охрид и други градови со цел доближување на македонската гостопримливост, традиционална храна, несекојдневно искуство при посета на природните и култирните убавини на Македонија...

Арапскиот магазин „Араб Инвестор“ ги разгледува инвестициските и туристичките можности во Македонија. Генералниот директор на списанието, Назим Мохамед Махмуд Сабах престојува во земјава со поддршка од Министерството за надворешни работи на Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во соработка со македонскиот амбасадор во Абу Даби, Сашо Ташевски.
Гостите од списанието ќе го посетат Скопје, Охрид и други градови со цел доближување на македонската гостопримливост, традиционална храна, несекојдневно искуство при посета на природните и култирните убавини на Македонија.
Република Македонија воспостави дипломатски односи со ОАЕ и ги унапредува со присуство на Сашо Ташевски, амбасадорот на РМ во Абу Даби и ги повикува граѓаните на ОАЕ да уживаат во летните одмори во Македонија и да ги искористат постоечките капацитети, атрактивните цени и достапните директни летови од Дубаи до главниот град Скопје, објави „Араб Инвестор“.
„Араб Инвестор“ објави и интервју со македонскиот амбасадор за промоција на Македонија како нова бизнис дестинација за инвеститорите и нов неоткриен бисер во Европа за туристите од ОАЕ и регионот.
