Дел од повредените бранители пуштени на домашно лекување
12.05.2015 12:51
Уште 26 се задржани, но се во стабилна состојба...

Единаесет припадници на безбедносните сили што беа повредени во терористичкиот напад во Куманово, а хоспитализирани на скопските клиники се пуштени на домашно лекување. Уште 26 се задржани, но се во стабилна состојба.
Министерот Тодоров вчера имаше средба со медицинскиот тим во Куманово кој беше ангажиран за време на настаните изминативе два дена. Им се заглагодари за навремената реакција, пожртвуваност и укажаната помош на повредените.
Во текот на викендот целиот медицински персонал беше мобилизиран, се правеа над човечки напори за да се спасат животите на полицајците.
