57 семејства од кумановската населба побарале помош
12.05.2015 12:55
Од утре децата се враќаат во градинките, а наставата ќе продолжи. Оние што ги напуштија своите домови во кумановската населба, почнаа со расчистувањето...

Во Куманово животот се враќа во нормала. Со одлука на локалните власти, вчера и денеска не работат градинките и училиштата, но се друго функционира вообичаено.
Од утре децата се враќаат во градинките, а наставата ќе продолжи. Оние што ги напуштија своите домови во кумановската населба, почнаа со расчистувањето.
57 семејства од населбата „Тоде Мендол“ побарале помош во општинскиот кол-центар. Од кумановскиот Црвен Крст објаснуваат дека уште денеска ќе биде доставена хуманитарна помош за граѓаните.
