За првите три месеци од годинава, во Македонија влегле 647 илегални мигранти

12.05.2015 13:02

Во периодот јануари- март годинава во државава влегле 647 мигранти. Во истиот период лани оваа бројка била 329, што е за 96,7 насто зголемување-велат од МВР...

Изутрината на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на поранешна „Стаклара“ се пронајдени 17 мигранти. Сите се од Авганистан. Биле пренесени во транзитниот прифатен центар.

Во периодот јануари- март годинава во државава влегле 647 мигранти. Во истиот период лани оваа бројка била 329, што е за 96,7 насто зголемување-велат од МВР.

Најмногу влегле од соседна Грција- 424, а другите преку Србија, Бугарија, Албанија и  Косово.

Повеќето се од Сирија- 274, од Авганистан 141, а ги има од Сомалија и од Ирак.