Варуфакис: Грција за неколку недели ќе биде пред банкрот

12.05.2015 13:04

Предупредувањето доаѓа по состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната во Брисел на кој се зборувало за деблокирање на исплатата на останатата транша од кредитот на Атина во вредност од 7,2 милијарди евра...

Би-Би-Си објави дека Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис предупредил дека финансиската ситуација во Грција е исклучително итна и дека за  неколку недели кризата ќе го достигне врвот.

Предупредувањето доаѓа по состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната во Брисел на кој се зборувало за деблокирање на исплатата на останатата транша од кредитот на Атина во вредност од 7,2 милијарди евра. 

Грција претходно оствари трансфер на 750 милиони евра вредната транша камата на Меѓународниот монетарен фонд, еден ден пред истекот на крајниот рок.