Петерле: СДСМ да се врати во Собранието

12.05.2015 13:07

Актуелниот ко-претседавач со Мешовитиот парламентарен комитет на Европскиот парламент во соопштението додава дека инцидентот е потсетник дека мора да се врати политичката стабилност во земјата, а опозициската СДСМ да се врати во собранието...

Словенечкиот пратеник во Европскиот парламент, Алојз Петерле, изјави дека е длабоко загрижен од настаните во Куманово и изрази сочувство до семејствата на загинатите полицајци.

Актуелниот ко-претседавач со Мешовитиот парламентарен комитет на Европскиот парламент во соопштението додава дека инцидентот е потсетник дека мора да се врати политичката стабилност во земјата, а опозициската СДСМ да се врати во собранието.

Тажните настани се дополнителен повик до политичките партии заедно да се ангажираат за да се врати политичката стабилност во земјата. Функционирањето на Собранието во целосен состав е неопходен предуслов за да се постигне ова, пишува Петерле во дописот.