Археолошкиот музеј меѓу 15 најдобри според ЕМА
Судиите од жирито имаат чувство дека овој доста млад музеј ќе даде импакт на Балканот преку пример за модернизација, стои во извештајот на жири комисијата...

Археолошкиот музеј на Македонија се вбројува меѓу 15-те најдобри муези од Европа, според Европската музејска академија (ЕМА). Делегација од Археолошкиот музеј учествуваше на јубилејното 20 годишно доделување на ЕМА - „Luigi Micheletti Award“ во Бреша, Италија.
Како единствен од балканските земји чија што кандидатура е прифатена во потесниот круг, тимот на Археолошкиот музеј на чело со директорката Весела Честоева и претставникот на ЕМА за РМ, Гордан Николов, го презентираше нашето културно историско наследство сместено во новиот објект во Скопје.
„Музејот ја има за цел потврдата на националниот идентитет врз основа на собраното, третираното и презентираното наследство. Судиите од жирито имаат чувство дека овој доста млад музеј ќе даде импакт на Балканот преку пример за модернизација“, стои во извештајот на жири комисијата.
Археолошкиот музеј на Македонија на европската репрезентативна мапа на самиот настан во Бреша беше претставен со нашето уставно име.
