Собири за поддршка на полицијата во 23 градови
12.05.2015 13:27
Собирите во Велес, Кавадарци, Струмица, Охрид, Прилеп, Битола, Неготино, Штип и други градови ќе се одржат на градските плоштади со почеток во 19 часот...

Во 23 градови во државава вечер ќе се одржат народни собири за поддршка на полицијата.
Собирите во Велес, Кавадарци, Струмица, Охрид, Прилеп, Битола, Неготино, Штип и други градови ќе се одржат на градските плоштади со почеток во 19 часот.
Собири се најавени и во скопските општини Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров.
