ПССЕ повикува на смиреност по вооружените инциденти во Македонија
Роберт Валтер парламенетарец од Верлика Британија, повика на смиреност по вооружените инциденти во Македонија...

Известувачот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за Македонија Роберт Валтер парламенетарец од Верлика Британија, повика на смиреност по вооружените инциденти во Македонија, пренесува дописникот на МРТ од Стразбур.
„Живо жалам за загубите на човечките животи и ранетите во вооружените судири кои се случија последниве денови во Република Македонија, на границата со Косово“ – изјави британскиот парламентарец, член на ПССЕ.
„Овие настани се случија, во моментот кога земјата се соочува со сериозна политичка криза. Ги повикувам сите страни да ја зачуваат смиреноста, потребно е да се избегнат судирите и да се спречат нови акти на насилство кои можат да и наштетат на стабилноста на земјата и регионот“ – додава Валтер.
„Истовремено, во надлежност е на сите политички партии избрани во Парламентот да ги надминат длабоките политички и етнички ралзики кои се уште се присутни“ – заклучи известувачот на ПССЕ за Македонија, потсетувајќи на значењето од мирниот соживотот и интеракција меѓу различните етнички заедници во земјата.
Делегација на ПССЕ од Комисијата за следењето на обврските на земјите членки на Советот на Европа, во чиј состав беше и Роберт Валтер, ја посети Македонија на 28-ми и 29-ти април и предложи серија на мерки за надминување на политичката и правосудната криза во која се наоѓа земјатам се вели на крајот од соопштението на ПССЕ.
