Јужна Јапонија погодена од тајфунот „Ноул“

12.05.2015 14:29

Јужните јапонски острови Амами, оддалечени 1.800 км од Токио, ги зафатија силни ветрови и поројни дождови, објави јапонската метеоролошка служба...

Тајфунот Ноул, кој вчера помина на Филипините и зеде две жртви и поради кој беа евакуирани 3.500 лица, денеска го зафати јужниот дел на Јапонија.

Јужните јапонски острови Амами, оддалечени 1.800 км од Токио, ги зафатија силни ветрови и поројни дождови, објави јапонската метеоролошка служба.

Тајфунот се движи кон големиот јужен остров Кјушу и централниот остров Хоншу.