Жан-Мари ле Пен најави создавање нова формација

12.05.2015 14:32

Пред една недела Ле Пен е суспендиран од партијата Национален фронт што ја создаде и со неа раководеше 40 години. Сега со неа раководи неговата ќерка...

Лидерот на француската екстремна десница Жан-Мари ле Пен во понеделникот соопшти дека сака да создаде сопствена политичка формација.

Пред една недела Ле Пен е суспендиран од партијата Национален фронт што ја создаде и со неа раководеше 40 години. Сега со неа раководи неговата ќерка, а тој  пред извесно време најави дека ќе се откаже од неа, затоа што таа го исклучи поради неговите екстремни националистички ставови и изјави.

За едно приватно радио Ле Пен изјавил дека не сака да направи партија што ќе му конкурира на Национален фронт, туку само формација.