Барселона: Двајца уапсени заради делење пропаганден материјал на ИСИЛ

12.05.2015 14:44

Две лица се уапсени во Барселона поради сомнеж дека дистрибуирале пропаганден материјал на Исламската држава...

Осомничените користеле неколку онлајн профили за да ги наплатат парите за официјалниот материјал на оваа екстремистичка група, се наведува во соопштението на шпанското министерство без да се наведат други детали, пренесува Танјуг.

Шпанија годинава уапси над 40 лица заради сомнеж дека се занимаваат со милитантни активности.

Владата во Мадрид работи на превенција младите муслимани да не им се приклучуваат на оружените групи во Сирија и во Ирак, како и на осуетување на нападите на одредени цели во земјата.