Втора победа за чекор до тронот
Составот на Работнички, којшто веќе ја освои титулата во купот, има позитивен биланс од 4-3 во меѓусебните пресметки во оваа сезона...

Одбојкарките на Работнички и на Јанта волеј ќе ја продолжат финалната серија во нашиот шампионат, денеска од 19 часот во малата сала на арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Резултатот е 1-1 во победи, што значи дека тимот што ќе слави на третиот натпревар ќе биде на чекор до шампионскиот пехар.
Составот на Работнички, којшто веќе ја освои титулата во купот, има позитивен биланс од 4-3 во меѓусебните пресметки во оваа сезона. Досега во финалето секоја екипа ја користеше предноста на домашениот терен. Одбојкарките на Горан Јаневиќ се радуваа во Кисела Вода со целосен пресврт со 3-2, а избраничките на Горан Славков беа подобри во саботата со 3-1. Двајцата тренери ќе направат по една замена во составите во пресрет на третиот меч од финалето.
Кај Работнички ќе ја нема Јермилова која ќе и отстапи место на Главинова, а кај Јанта Грче ќе добие шанса на сметка на Златинова.
Преносот е на Собранискиот сервис на МРТ.
