Хеликоптер на ЕУЛЕКС се урна крај Приштина

12.05.2015 17:28

Инцидентот се случил околу 15 часот додека хеликоптерот се наоѓал на тренажен лет. Причините за уривањето на леталото засега не се познати...

Едно лице е повредено денеска кога хеликоптер на Мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС) се урна на пистата на аеродромот во Приштина.
 
Како што јави Танјуг, инцидентот се случил околу 15 часот додека хеликоптерот се наоѓал на тренажен лет. Причините за уривањето на леталото засега не се познати.
 
Претходно, претставник на НАТО соопшти дека при уривањето на хеликоптерот на ЕУЛЕКС се поврдени неколку лица. 
 
Приштинските медиуми јавија дека по падот на хеликоптерот аеродромот бил затворен за сообраќај.
 
Според аеродромските власти, аеродормот ќе биде поворно отворен откако пожарникарите ќе ја расчистат пистата од остатоците на хеликоптерот.