Авиосообраќајот со раст од 54 проценти
Раст од речиси 28 насто на прелетите над Македонија во првиот квартал од годинава. По отворањето на косовското небо, сообраќајот е зголемен за над 54 проценти. Цивилното воздухоловтсво иницира нови авиолинии за доближување на авиосообраќајот до европските стандарди...

Отворањето на косовското небо го зголеми бројот на авио прелети над Македонија. Лани сообраќајот е зголемен за речиси 54 проценти. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат- новите авио линии кои ќе треба да поминуваат над македонското небо ќе овозможи македонскиот авиосообраќај да се доближи до европските стандарди.
„Минатата година сообраќајот над Македонија е зголемен за 54 проценти, а споредено со таа година оваа година имаме проектирано три до четири проценти пораст кои се реализираат. Се движиме во нагорна линија во однос на авиосообраќајот“, вели Горан Јандреоски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Ефективното управување со авиособраќајот не може да се постигне само на национално ниво, велат од Еуроконтрол. Од 1998-ма година од кога е Македонија членка, за 30 проценти или повеќе од 140.000 летови годишно е зголемен авиосообраќајот. Директните линии, помалите трошоци за гориво и воведувањето на воздушниот простор на слободни линии се предностите за компаниите, вели првиот човек на Еуроконтрол, Бренер.
„Ефективната соработка и ефикасното управување со воздушниот собраќај не може да се постигне само на национално ниво, туку помеѓу сите држави што неодамна многу јасно се докажа со воведување во воздушниот простор со слободи линии“, изјави Феранк Бренер, директор на Еуроконтрол.
Во првиот квартал годинава преку аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени 268.400 патници, или 29 проценти повеќе од лани.
Дијана Ценевска