Уапсен Лирим Јакупи - Нацист
По меѓународна потерница за издржување на 30 годишна затворска казна во Македонија денеска на Косово е уапсен Лирим Јакупи, познат како Нацист. Јакупи бил ослободен од затворот Дубрава, кадешто издржувал затворска казна за кривично дело сторено на Косово. На излез од затворот бил уапсен од инспекторите на Еулекс и споведен во истражен затвор кадешто му е одреден притвор. За неговото апсење е известена и македонската полиција која во најкус рок треба да ги достави доказите и информациите по што ќе отпочне постапка за екстрадиција.

Јакупи пред неколку години избега од косовскиот затвор, но во 2010 година повторно беше уапсен, а казната ја издржуваше до денеска.
Судот во Скопје во два наврати му изрече пресуди во траење од по 15 години кои во меѓувреме станаа правосилни. Едната за напад на полициска патрола во скопска Шутка, а втората за терористички активности во селото Бродец во 2007-та година.
Новинар: Анита Димитријевска