“Малите олимписки игри“ годинава по 18 пат

13.05.2015 15:41

И овојпат ќе настапатнајдобрите ученици и ученички од основните училишта од целата земја, а ќе се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, атлетика и промотивните дуатлон и хокеј на ролери...

Следните три дена општина Карпош ќе биде домаќин на финалниот турнир на државните спортски натпревари, или популарни Мали олимписки игри кои годинава ќе се одржат по 18 –ти пат. И овојпат ќе настапатнајдобрите ученици и ученички од основните училишта од целата земја, а ќе се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, атлетика и промотивните дуатлон и хокеј на ролери. Со оглед што ова е најмасовната финална манифестација со околу 1000 натпреварувачи, на располагање се големата и малата сала во СЦ “Борис Трајковски“ и капацитетите на уште 10 училишта на територија на општината. Организатор е Федерацијата на училишен спорт на Македонија, покровител АМС и Министерството за образование, а медиумски покровител МРТ.   

Според програмата, свеченото отворање е утревечер во 20.30 часот на кејот кај отворениот амфитеатар на Вардар. Претходно ќе започнат натпреварите во спортските игри во групната фаза, во петок се полуфиналните а во сабота финалните натпревари.