Почнува распределбата на трофеите
Полуфиналните натпревари се утре и в петок во СРЦ Кале.Завршниот турнир од купот на Македонија во машка конкуренција со првото полуфинале ќе го отворат Металург и Пролет ...

Многумина пред се поради ривалитетот посакуваа полуфинале меѓу Маталург и Зомимак,но ждрепката сакаше амбициозните струмичани утре да се соочат со големиот фаворит Вардар.Во првенствениот дуел сезонава Вардар се прошета низ Струмица со 38-27, па се освен црвено-црна победа би било рамно на сензација,особено што вардарци се пред можност по 10-ти јубилеен пат да се закитат со трофејот во купот во досегашните 23 изданија на најмасовното натпреварување.
Не би требало да има изненадувања ниту во женска конкуренција.Третопласираниот европски состав е огромен фаворит.Вардарки во полуфиналето в петок ќе играат со својот подмладок Вардар СЦБТ,а понеизвесна битка би требало да донесе полуфиналето меѓу ракометарките на Пелистер и Металург.Безмалку комплетната програма од завршните турнири во купот на Македонија ќе ја следиме и на македонската телевизија. Почнуваме утре од 17часот со полуфиналето меѓу Пролет и Металург и од 19 и 30 со натпреварот Вардар-Зомимак.
